Најмалку три лица загинаа по пукање во супермаркет во американската сојузна држава Орегон, јавува „Еј-би-си њуз“.
Пукотницата почнала нешто по 19 часот по локално време во трговскиот центар во Бенд, Орегон, изјави началникот на полицијата Мајк Кранц.
Лицето за кое се претпоставува дека пукало било пронајдено мртво на местото на настанот. Полицијата пронашла пушка АР-15 блиску до телото на тоа лице, рече Кранц.
Мотивот за нападот останува нејасен. Нападот следи по низата други престрелки во самопослуга низ САД во изминатата година и во услови на севкупен пораст на инциденти со „активен стрелец“, според извештајот на ФБИ.