(ВИДЕО) Путин: Доста игравме пинг-понг за Курилските острови!

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Русија и Јапонија пред историски пробив во билатералните односи


Претседателот та Руската Федерација изрази уверување дека фундаменталните интереси, на неговата земја и на Јапонија, се поврзани со Курилските Острови, прашање кое тоа треба долгорочно да биде регулирано, пишува Блокнот.
Вчера двајцата со јапонскиот премиер Шинзо Абе разговараа за можностите за склучување на мировен договор. Рускиот претседател истакна дека одлуката за територијалниот спор одговара на заедничките интереси и повика “да се прекине со овој историски пинг-понг”.
Како што е познато, земјата на изгрејсонцето притиндира за јужните Курилските Острови Итуруп, Кунашир, Шикотан и Хамобаи, повикувајќи се на билатералниот трговски договор од 1855 година. Нивното враќање секогаш било главен услов при евентуалното потпишување на какви и да е договори со Русија затоа и такви нема потпишани од крајот на Втората светска војна.

Позицијата на Москва е дека Курилските Острови се вклучени во територијата на СССР по војната и рускиот суверенитет над нив не подлежи на сомнеж.
За време на посетата на Јапонија Путин разговараше за изгледите за мировен договор со Абе, кој му предаде писма на луѓе кои своевремено живееле на Курилските острови.
“Ги читам овие многу трогателни писма на поранешни жители на јужните Курили”, рече Путин. “Според мое мислење е крајно време да прекинеме овој историски пинг-понг, поврзан со овие територии.”