(ВИДЕО) Радост на српски начин – така се слави титулата на Звезда

од desk3
116 прегледи

Лудо радување уште во соблекувалната фудбалерите на Црвена ѕвезда откако ја освоија 27-та титула на земјата. Ѕвезда веќе е недостижна на врвот во генералниот пласман во плеј-офот во Србија и го претекна Партизан по титули.

Zvezda-TV-Šampioni
Клупската телевизија на Црвена Ѕвезда пак подотвори врата кон забавата во соблекувалната на составот откако титулата беше запечатена и официјално – шампањ, пиво, музика, песни и ора – фудбалерите не ги сокрија радоста и емоциите.