(ВИДЕО) Ракетен напад во Саудиска Арабија: Дали ќе се одржи трката во Формула 1?

од Nikola Popovski
461 прегледи

Ракетен напад во Џеда, наводно, ја погодил фабриката на производителот на нафта Арамко, компанија која е главен спонзор на Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1.

Пожарот избувнал на околу 20 километри од тркачката патека, а првиот тренинг веќе бил во тек. Поради овој напад, вториот слободен тренинг доцнеше 15 минути, а во меѓувреме состанок одржаа челниците на тимот и возачите.

Во петок навечер е закажан состанок на управата на Ф1, на кој дополнително ќе се разговара за понатамошните чекори, а една од опциите е да се откаже трката во недела.

Пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија, беше објавено дека јеменското движење Хути го нападнало Џеда. Тркачкиот викенд и тогаш беше под знак прашалник, но сепак беше одлучено да се патува од Бахреин до Џеда.

Странските медиуми јавуваат дека Хутите ја погодиле фабриката Арамко, а снимката брзо се појави на Твитер.

„Очекуваме информации од локалните власти за да слушнеме што се случило“, велат од Формула 1.

Фото: Profimedia

Слични содржини