Во рускиот град Волгоград расеан клиент ја заборавил секскуклата во такси. Чудно е дека до овој момент човекот не се вратил да ја бара скапата силиконска играчка и таа стои и го чека во канцеларијата на диспечерките на фирмата, соопшти lifenews.ru. Откако му завршила смената, таксистот тргнал да го чисти внеговиот автомобил и ја забележал “клиенката” . Тој не ја видел, додека човекот се прошетал, бидејќи таа била ставена токму зад неговата седиште. Дури во почетокот не разбрал дека патниците се повеќе од еден.
“По едно време нешто на задното седиште почна да мрда и јас го вклучив светлото да видам. Ќе паднев кога ја видов оваа “патничка” “, раскажува возачот Јуриј Наговицин. Тој дури решил да ја врати стоката назад до местото каде што мажот слезгол. Но никој не се вратил за силиконската девојка. Возачот бил принуден да ја однесе пронајдената кукла во канцеларијата на фирмата и да ја предаде на диспечерките. Таму ја чуваат меѓу заборавените работи.
Луѓето од канцеларијата советувале возачот да го обиколи соседството, каде што слегол мажот со кукла и да го најде. Но неговите обиди удриле на камен.
“Се надеваме дека сепак овој човек ќе си ја побара куклата. Дури пробвме да го бараме и на телефонот, од кој го нарачал таксито. Но никој не одговараше. Инаку луѓето обично забораваат телефони, чадори, пакети.Такво откритие имаме за прв пат “, изјави Анастасија Тиштенко, началник на смена на диспечерките од фирмата за такси.
