ВИДЕО: Разнесен споменикот на МиГ-17 во Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Познатиот споменик на МиГ-17 лоциран во разурнатиот Бахмут, покрај кој и руската и украинската војска ги испраќаа своите пропагандни пораки, беше разнесен и повеќе не постои.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео од една од околните згради околу споменикот на кое се гледа дека споменикот на ловецот МиГ-17 повеќе не постои, дека е разнесен и дека има само остатоци од леталото.

Не се знае кој го разнел споменикот.

Но, разнесениот споменик се повеќе зборува за тоа дека борбите допираат длабоко во населеното место, како и дека спомениците веќе не се поштедени, бидејќи во Бахмут од 1 август до денес речиси и да нема цели згради.

Разнесениот споменик секако стана вест на денот, многу поголема од вистинската битка за градот и продорот на единицата Вагнер кон самиот центар.

Слични содржини