Неспорно е дека Дизни е кралот на анимираните филмови од емитувањето на првиот нивни “некласичен“ анимиран филм, Снежана и седумте џуџиња, во 1937.
Но, ќе бидете изненадени дека тие всушност ги имаат ре-употребено некои свои анимации. Што подразбираме под тоа? Па, тие имаат милиони анимациски целулоиди (транспарентни листови кои беа користени за цртање од страна на аниматорите, пред дигиталната ера), и ниеден од нив не бил потрошен залудно. Всушност тоа е користење на истите движења и гестови на ликовите, само “облечени“ во друг карактер, и различен филм.