(ВИДЕО) Река од ѓубре го “преплавува” Бејрут

од desk3
80 прегледи

Криза со отпадот ја измачува либанската престолнина Бејрут. Жителите на предградието Џеида се загрижени од кривата “река од ѓубре”. Тие стравуваат од проблемите со хигиената и ризици по здравјето со кои усправаат илјадниците тони со ѓубре.

Локален жител наведува дека таму каде што моментално се трупа ѓубрето, луѓето спортувале и се шетале, а сега се загрижени и им се отежнува дури и да минуваат во областа.

https://youtu.be/YovNI2ML9Gk

“Реката од ѓубре” започна да се создава во предградието на либанската престолнина пред четири месеци, откако долго време за кризата не беѓе најдено решение.

Таа се појави, откако Министерството за животна средина ја затвори депонијата Нааме во средината на минатата година, без да предложи алтернатива за складирање на отпадот. Овој потег на властите ги навлече критики кон владата и предизвика протести.

https://youtu.be/wWXfcH1zgBI