Ретко кој од жителите на Стајковци слушнал за начинот на кој треба да се пријават за исплата на авансната помош. Не знаат ништо велат, а тоа не е чудно бидејќи во постоечките услови до нив тешко доаѓаат какви било информации, пренесува Телма.

Лицата кои биле евидентирани од комисијата за проценка на штети од екипата на Телма за прв пат ја слушнале и информацијата дека треба да се јават на телефони на министерството за финансии за да дадат известување во која банка сакаат да им се исплати паричниот надоместок. Предвидениот износ од 500 евра велат ќе им покрие само минимален дел од потребштините
Овие луѓе се обидуваат да спасат барем дел од куќниот инвентар.
Голем дел од апаратите за домаќинство и оградите околу куќите се коплетно уништени. Жителите ги продаваат како старо железо.
Речиси ништо не е останато ни од инвентарот.
Во ваква ситуација се се помали и очекувавата дека надоместокот за штетите ќе биде барем приближно еднаков со изгубеното
Слично размислува и овој човек кој дошол да му помогне на пријателот
Очекувањата на премиерот се дека до вторник авансно ќе бидат исплатени сите семејства со по 30 000 денари.
Од сега посетените 3 500 семејства, до сега се обработени податоците за околку 1950.
Во меѓувреме, секојдневниот живот се враќа во поплавените подрачја Приватни ветеринари денеска бесплатно вакцинираа домашните миленици.