[ВИДЕО-РЕЦЕПТ] Лесни божиќни слатки со мармалад

од Vladimir Zorba
232 прегледи

За најголемиот број христијани, денеска е еден од најсветлите празници – Божиќ!

Тоа е времето во кое се собираме со целото семејство, сите пријатели и блиски, а вкусното јадење е задолжително.

Во духот на празникот, меѓу сите салати и главни јадења, треба да размислиме и за божиќните слатки.

Денес ви претставуваме еден лесен десерт со мармалад кој ќе ги натера и вашите сетила да ја почувствуваат магијата на празникот.

Ќе ви бидат потребни:

1 и ¼ ч. ч. брашно

6 с. л. несолено масло

1/3 ч.ч. шеќер

½ ч. л. прашок за пециво

1 јајце

1 ч.л. кардамон

100 г мармалад од малини

сол

Деталниот начин на подготовка можете да го видите во видеото: