Од пред извесно време сме сведоци на доаѓањето на суперхрани, коишто не само се грижат за нашето здравје, но и се одличен начин да се одржиме во форма.
Денес ќе ви претставиме еден лесен и брз рецепт за пудинг со семиња од чија. Како што добро знаеме оваа суперхрана има исклучителни апсорбирачки својства и сосема мала количина од неа е доволно.
Комбинацијата со вкусни плодови е особено препорачлива, ако сакате да направите вкусен и многу корисен десерт.
Ќе ви бидат потребни:
2 банани
1 ч. ч. соино млеко
2 ч. л. чија
Цимет за декорација
Можете да го видите точниот начин на подготовка во видеото тука.