222
Кристијано Роналдо и Португалија се елиминирани од Светското првенство во Катар, откако со 1:0 загубија од Мароко.
Веднаш по завршување на мечот, Роналдо не можеше да издржи и почна да плаче, веднаш заминувајќи во соблекувалната.
It hurts me to see Ronaldo like this man 💔 pic.twitter.com/MbRGnTcRO2
— WolfRMFC (@WolfRMFC) December 10, 2022
За Роналдо ова беше петто Светско првенство и најверојатно му пропадна последната шанса да стигне до светскиот трон. Капитенот на Португалија има 37 години што значи дека кога ќе биде Мундијалот во 2026 година тој ќе има 41 година и мали се шансите дека ќе може да игра на тој планетарен собир.