(Видео) Русија се одмазди за смртта на пилотот, со проектили убиени најмалку 30 војници

од desk2
88 прегледи

Русија одговори на уривањето на авионот и смртта на пилотот во Идлиб, со тоа што е покренат противнапад во истата област на северозападот на Сирија, при што се убиени најмалку 30 сириски војници.

Снимка од нападот објави Руското министерство за одбрана, при што се прикажува уништување на метата со низа проектили. Се проценува, пренесе RT, дека убиени се најмалку 30 војници.

Руското министерство за одбрана во саботата потврди дека руски воен авион е урнат во Идлиб, но дека пилотот успеал да се катапултира. Сепак, кога стигнал на тлото, милитантите го убиле, а министерството се обидува да дојде до неговото тело.

https://www.youtube.com/watch?v=vOCOBFwnFnI