(ВИДЕО) Русија тврди дека САД упаѓа во нивните дипломатски претставништва

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека американските специјални служби се обидуваат да влезат во дипломатските претставништва на Русија во Сан Франциско.

Министерството објави снимки на кои, како што се наведува, се гледаат американските специјални служби како се обидуваат да упаднат на дипломатскиот имот.

Стејт департментот на крајот на август соопшти дека САД го затвора рускиот конзулат во Сан Франциско, како и конзуларните објекти во Вашингтон и во Њујорк.

Ова следуваше откако Москва го редуцираше бројот на американски дипломати кои може да бидат на руска територија