Смртоносниот напад на мостот што го поврзува Крим со копното предизвика огромни гужви додека туристите се обидуваат да побегнат од полуостровот, кој долго време беше популарна руска дестинација за одмор.
Но, и покрај фактот што областа сега стана воена зона, руската државна телевизија продолжува да ги повикува туристите да го посетат Крим, односно да одат таму на одмор.
"Summer, sea and sun! Crimea is waiting for every guest with open arms!"
Russian state TV isn’t exactly discouraging people from travelling to the occupied peninsula after the recent bridge attack… pic.twitter.com/WgYVWTtKMJ
— Francis Scarr (@francis_scarr) July 18, 2023
Новинар на Би-Би-Си сподели видео на кое се гледа како руски ТВ водител вели: „Крим го пречекува секој гостин со раширени раце!“.
„Руската државна телевизија не ги одвраќа луѓето да патуваат на окупираниот полуостров по неодамнешниот напад на мостот…“, напиша новинарот на Твитер.