(ВИДЕО) Руски астронаути излегоа на “вселенска прошетка”

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Руските космонаути Сергеј Волков и Јуриј Маленченко поминаа пет и пол часа надвор од Меѓународната вселенска станица.

download (1)

Космонаутите ја напуштија МВС во 14:56 часот и поминаа во разгледување на Космосот околу пет и пол часа.

За тоа време, тие зедоа примероци од надворешната површина на станицата, пуштија во орбитата плакета со порака, посветена на 70-годишнината од Победата во Големата патриотска војна и направија неколку експерименти.

Мисијата на Маленченко и Волков е да направат истражувања во рамките на експериментот Expose-R, кој го спроведува Европската вселенска агенција од страна на рускиот простор на станицата.