ВИДЕО: Руски авион МиГ-31 се запали за време на лет и падна во езеро

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Руски борбен авион МиГ-31 паднал во езеро веднаш откако се запалил за време на тренинг лет, тврдат руските медиуми.

Авионот се урна во средата во северниот регион Мурманск, јави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на руското министерство за одбрана.

Несреќата се случила на десет километри од градот Монхегорск, во близина на островот Риж-Губа.

Пилотот изгубил контрола

За време на летот, еден од двата мотора експлодирал, по што пилотот изгубил контрола над леталото, кое паднало во блиското езеро, соопшти министерството за одбрана.

Се наведува дека и двете лица кои биле во авионот се катапултирале.

Слични содржини