Шест бомбардери Ту-22М3 удрија врз позиции на исламистите во Сирија.

Руските бомбардери Ту-22 М3 на 25 јануари повторно нападнаа позиции на терористите од групата “Исламска држава”, соопштија од руското Министерство за одбрана. Од военото министерство соопштија дека авионите бомбардирале цели на терористите во сириската провинција Дејр ез Зор.
Бомбардерите погодиле две контролни точки на терористите и магацини со муниција, оружје и техника. Руските бомбардери биле заштитени и со ловците Су-30см и Су-35С од аеродромот Хмејмим”, прецизираа од руското МО.
Од таму додаваат дека по успешното исполнување на мисијата сите авиони на ВКС се вратиле на аеродромите во базите.
Треба да се напомене дека во последните денови тоа е четвртиот удар на предметните ловци по исламистите.
Од руското Министерство за одбрана размножија и кадри од ударите. “Со средства за објективна контрола е потврдено погодувањето на сите поставени цели”, истакнаа од МО.