(ВИДЕО) Руски борбени авиони Миг-29СМТ во воздушен дуел за време на вежба

од Vladimir Zorba
86 прегледи

1478192560-ew-1

Во Курската област над 30 пилоти од авиополкот на Западниот воен округ одработија маневри за воздушна борба со авиони Миг-29СМТ, соопшти ТАСС.
Од руското Министерство за одбрана соопшти дека екипи на авиони биле подигнати во воздух за следење на воздушна цел во пар.

На небото пилотите изведувале елементи од воздушна борба и правеле фигури за напад на условен противник.

Миг-29СМТ е едноседен повеќенаменски фронтов борбен авион, кој е модернизирана варијанта на Миг-29СМ со принципиелно нов комплекс од опрема, проширена номенклатура на оружјео и зголемена далечината на лет. Се однесува на класата на лесните авиони и е наменет за водење на маневри при воздушна борба и уништување како на воздушни, така и на копнени цели.