(ВИДЕО) Руските борбени авиони жестоко нападнаа цели на ИД во последниот бастион во источна Сирија

од desk4
170 прегледи

Во последните три деноноќија руската борбена авијација нанела 18 воздушни напади по позиции и објекти на Исламска држава (ИД) во источните делови на Сирија и девет удари со крстосувачки проектили калибар, истрелани од руските подморници стационирани во Средоземното Море Велики Новгород и Колпино, пренесуваат руските медиуми.

Ова го објави портпаролот на Министерството за одбрана во Москва, генерал Виктор Конашенков.

Според него масовниот ракетно-воздухопловен удар нанел големи штети на група борци од ИД крај населеното место Абу Кемал.

Тоа овозможи распоредување на активни и посамоуверени активности на единици на сириските војници со цел уништување на терористите во последниот бастион на ИД во источна Сирија, објави генералот.

Во воздушната операција биле опфатени позиции, магацини и командни пунктови на џихадистите, а учествувале шест стратешки бомбардери Ту22М3 и бомбардери Су-24 и Су-34 од руската воздухопловната база Хмејмим, кои биле поддржани со борбени авиони Су-30см, Су-35 и МиГ – 29 од руската авиогрупа во Сирија.