
Четири ракети “калибар” биле истрелани од фрегатата “Адмирал Есен” и подморницата “Краснодар” на рускиот ВМФ, кои се наоѓаат во источниот дел на Средоземното Море, и погодиле цели на терористичката група “Исламска држава” во реонот на Палмира, соопштуваат од Министерството за одбрана на Русија.
Целите биле засолништа на терористите во Источна Палмира, во кои имало тешка опрема и голем број припадници на ИД, кои биле префрлени од Ракка. Сите цели се погодени, прецизираат од военото министерство. Командите на САД, Турција и Израел биле навремено информирани за истрелувањето на ракетите. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу го запознал рускиот претседател Владимир Путин за резултатите од акцијата на руските ВМФ.