Тајни служби сакале да ја користат дрогата за исфрлање на потенцијалниот противник од системот.
Архивски снимки објавени од RT, сведочат дека во 50-тите и 60-тите години на дваесеттиот век британските и американските тајни служби тајно го тестирале ЛСД врз сопствените војници и дури врз цивили со цел да се видат ефектите од дрогата.
“Целото одделение или чета, со исклучок на инструкторот за строева подготовка, била подложени на дејството на ЛСД. Првично војниците маршираа добро, а потоа нивните движења станаа задоцнети и хаотични. По неколку минути тие веќе не ги извршуваа наредбите и наскоро целосно излегоа од контрола “, се вели во видеото.
https://youtu.be/xmvZVDrH1SM
Во друг кадар дејството на дрогата се опишува на следниов начин: “Визуелизација се првите знаци на дејството на дрогата: војниците излегуваат од засолништа, опуштаат и почнуваат да се смеат.”
Според објаснувањето американските и британските тајни служби планирале да користат ЛСД за исфрлање на потенцијалниот противник од системот. Но тоа не се покажало толку едноставно. Дрогата била прескапа и нестабилена при запрашувањето во воздухот. “