(ВИДЕО) САД испраќаат во Пацификот ескадрила од бомбардери B1-B Lancer

од desk3
131 прегледи

САД префрлаат во база на островот Гуам во Пацификот ескадрила од стратешки бомбардери B1-B Lancer. Тоа го соопшти РИА Новости, повикувајќи се на локалните медиуми. За прв пат од пред 10 години Пентагон одлучи да го зголеми военото присуство во Азија . За повод послужија новите тестирања на балистички проектили на Северна Кореја, кои се одржаа на 3 август.

1470301933-vfv

Се очекува авионите да пристигнат во авиобазата Андерсон на островот Гуам на 6 август и ќе ги заменат таму Бомбардерите B-52 Stratofortress за да патролираат по областите на Јужното Кинеско Море и Корејскиот полуостров.

Таму САД ќе пренесат и 300 свои војници.