Во строгиот центар на Скопје возрасен маж попладнево се закануваше дека ќе си го одземе животот и ќе скокне од зградата позната како „Макошпед“ на улица Македонија-јави А1он.
Човекот се качил на четвртиот кат од задниот влез на зградата без да го приметат градежните работници кои работат на реновирање на фасадата. Во мигот кога го приметиле се обидувале да го убедат да се повлече, но тој одбивал.
Како што велат очевидиците човекот се жалел на сиромаштијата, дека не му е исплатена социјалната помош и дека има семејство кое не може да го издржува.
-Рече дека е дете без родители и дека немал работа. Бараше да му се најде некаква работа или ќе се самоубие – вели граѓанин кој се нашол случајно на местото на настанот.
Повеќе ТУКА
