93
Британската поделба на Самсунг го претстави својот најнов производ – луксузна кучешка колибка. Високотехнолошката куќичка, која беше претставена на годишниот форум Крафтс, е погодна за мали и средни раси.
Куќата има два главни дела погодни за спиење и игра, прогресивен пат, покриена со вештачка трева и базен за хидротерапија, кој му помага на вашето куче да се чувствува одморено и цврсто.
Внатрешноста на колибката е опремена со таблет, на кој вашето милениче може да гледа филмови и видеа, автоматизиран уред за хранење, која се активира при притискање со шепа, меки перници за спиење, тапети од винил со дезен на шепи и коски и декоративни фотографии на кучиња.
Сеуште не знаеме дали луксузната колибка ќе се нуди на пазарот, а цената за нејзино креирање изнесува 30.000 долари.
