185
Претседателот на Владата на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон попладнево пристигна во еднодневна официјална посета на нашата земја.
Шпанската владина делегација предводена премиерот Санчез беше пречекана со највисоки државни почести на платото пред Владата во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите за односи мешу заедниците Артан Груби и за европски прашања Бојан Маричиќ и министерките за одбрана Славјанка Петровска и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Следи тет-а-тет средба на премиерите, кои ќе имаат заедничка изјава, како и пленарна средба на делегациите на двете земји.