Додека здравствениот ситем во Македонија се распаѓа и згаснуваат млади човечки животи поради криминално-тендерски политики, а животниот стандард е под секое човечко достоинство, ВМРО-ДПМНЕ поставуваат златни круни на оградата на Владата.
Тие златни украси, оваа ограда граѓаните ги чини неверојатни 690 илјади евра.
За лекувањето на малата Тамара беа потребни дваесет пати помалку од овие пари, односно само 30 илјади евра.
Додека граѓаните немаат за леб и основни услови за живот, за лекување, ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата.
Тендерите и бизнис зделките на фамилијата за ВМРО-ДПМНЕ се поважни од здравјето на граѓаните.
Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните преку своето криминално работење.
Затоа граѓаните се обединети против корупцијата и криминалот.
Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, што ќе и ја дадат граѓаните на Македнонија, ќе го запре криминалот и корупцијата што беа основа за владеење на Никола Груевски, ќе ги врати парите кон граѓаните и ќе обезбеди сигурно финансирање на здравствениот систем и никогаш да не се повтори случајот со малата Тамара.
