(ВИДЕО) СДММ: Лицемерно, пред избори, Груевски краде проекти од СДСМ

од desk3
138 прегледи

 
После 10 години, предизборно и лицемерно, Никола Груевски доцна се сети на студентите.

Соочен со страв од изборен пораз, после три години игнорирање на барањето за бесплатен превоз и целосна негрижа за студентите Никола Груевски вклучил црвен аларм.

Човекот што потроши 600 илјади евра да се вози во луксузен мерцедес, лицемерно им ветува бесплатен превоз на студентите.

-пред-избори-Груевски-краде-проекти-од-СДСМ

Без идеи и без резултати, Никола Груевски очигледно добро ја прочитал програмата и платформата на СДСМ па предизборно решил да краде идеи и проекти од СДСМ.

Затоа, ова е уште еден пораз на Груевски после три години негово инаетење.

Поминаа 10 години а Никола Груевски не изгради ниту еден студентски дом. Како што самиот призна, 10 години барал локација.

Хан уште еднаш го повтори редоследот: Договорот од Пржино, фер избори па тогаш ЕУ

Но, затоа Никола Груевски го изгради ова луксузно партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ вредно милиони евра.

Наместо подобрување на условите за студентите, за Никола Груевски приоритет беше неговото луксузно партиско седиште. Само за уредување на дворот на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ се потрошија над 1 милион евра.

Ако сака навистина да покаже грижа, Груевски сега нека го отстапи партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ за студетски дом и нека ги покани медиумите да видат што е луксуз.

Се друго е лажно лицемерие.

Доцна е за Никола Груевски. Студетните, младите, граѓаните не му веруваат. Сите го чекаат неговото заминување.

Подобрувањето на студентскиот стандард и условите за живот на студентите ќе го спроведе владата предводена од СДСМ по 24- ти април.

Студентите имаат идеја: збогум Никола!