Над 330.000 спорни гласачи, едногласно констатирани од ДИК, е најголем доказ дека последните неколку избори во Македонија се нелегитимни.
Бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески по секоја цена се обидува да го скрие криминалот кој е направен со избирачкиот список. Ова е допис од Дирекцијата за заштита на личните податоци од вчера, 30-ти март 2016 година. Дирекцијата во која сега директорува Горан Трајковски, поранешниот директор на УЈП, кој ги пеплоса фирмите со казни заради личните и партиски интереси на владејачката банда. Со ова решение, практично се забранува објавувањето на избирачкиот список. Дирекцијата за заштита на личните податоци најдиректно го крши Изборниот законик и Договорот од Пржино.
Членот 31, став 28-г, од Изборниот законик е дециден:
„Државната изборна комисија го ибјавува Избирачкиот список на својата веб страна со следните податоци: име, презиме и адреса на бирачите.“
Институцијата која го преспа целиот криминал со неовластеното прислушување на телефонските разговори на граѓаните од страна на бандата на Груевски, Мијалков и Ставрески, одеднаш се разбуди од кома. Да се потсетиме, во Извештајот на Прибе постои посебен дел кој се однесува на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Во една од препораките за Дирекцијата се вели:
„Иако Законот за заштита на личните податоци е генерално во согласност со европските стандарди, недостатокот на активности од страна на Дирекцијата ја загрозува довербата и независноста на институцијата.“
ЗАЕВ: Слободно изразената волја на граѓаните е светост – ние сме подготвени за избори !
Кратко кажано, Горан Трајковски по панична нарачка на бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески, се обидува да го скрие криминалот со избирачкиот список. Со ова решение на Дирекцијата, граѓаните повеќе ќе немаат увид во избирачкиот список и нема да можат да пријавуваат неправилности. Со ова решение се потврдува дека најголемиот страв на Никола Груевски се фер и демократски избори.
Јавно ја повикуваме ДИК, да не постапува по ова барање на криминалната банда. Јавно ја повикуваме ДИК, да застане во одбрана на Изборниот законик и да работи согласно законите.
П1: Во врска со одлуката, на што се однесува конкретно? Избирачкиот список беше ставен на увид, сега на увид се теренските проверки и после од кога ке заврши треба повторно да се стави на увид. На што точно мисли Дирекцијата и зошто реагира сега кога избирачкиот список пред скоро еден месец се затвори?
Kога граѓаните самите видоа за целиот криминал којшто постои во избирачкиот список, настанува очигледно оваа панична реакција . Од кога почнаа теренските проверки голем број од констатациите се потврдуваат и на терен . Се работи на забрана за објавување на избирачкиот список на интернет, согласно новите одредби во Изборниот законик. Фактички, со оваа решение се враќа претходната состојба каде што граѓаните можеа само со конкретни лични податоци да проверат дали самите се на избирачкиот список.
П2: Како коментирате што голем број јавни личности меѓу кои и истакнати членови на СДСМ се предмет на теренска обработка?
Овие 330.000 спорни гласачи никогаш никој ниту тврдел ниту тврди дека треба да се избришат од избрачкиот список. Согласно критериумите коишто ги утврдија сите членови на Државната изборна комисија се направија споредби на бази на податоци коишто дадоа одредени резултати. Во овие споредби на бази на податоци имаше 32 најразлични прашања по разни основи . Ние веќе разговаравме со овие наши членови, односно ги видовме нивните ситуации и предмети. Да, согласно одредени прашања овие луѓе изглегле дека треба да бидат дополнително проверени . И тука нема ништо страшно. Ние бараме вистинска проверка на избирачкиот список. Никој не треба да се брише доколку има право на глас согласно законот , но дефинитивно треба да се избришат тие што немаат право на глас согласно законот.
П3: Дали е тоа обид да се претстави дека всушност нема фантомски гласачи, туку дека вие ги создавате тие фантомски гласачи?
Токму ова решение денеска е потврда дека има фантомски гласачи и некој се обидува да ги скрие. Тоа е факт и граѓаните сами го увидоа преку нивниот пристап до избирачкиот список на интернет кои што го имаат до сега, а некој сака да го прекине.
П4: Како течат теренските проверки ?
Хаотично. Во различна општина различно, меѓутоа сеуште ги разгледуваме состојбите во следните неколку дена ќе излеземе со некоја по детелна анализа.
П5 : Вчера СЈО имаше прес-конференција во врска со уништување на опремата за прислушкување, како го коментирате тоа ?
Најпрвин, ја повторуваме нашата целсона и принципиелна поддршка на работата на Специјалното Јавно Обвинителство, но настаните од вчера се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки. Вчерашните настани се најдобар доказ дека Никола Груевски постојано и цело време лаже. Вчерашните настани се најдобар доказ дека сите оние коишто го прекршиле законот ќе одговараат и дека Никола Груевски ќе одговара.
