(ВИДЕО) СДСМ ја прифати “фрлената ракавица” од медиумските организации

од desk3
150 прегледи

 

СДСМ го поддржува предлог Законот за реформи во медиумите поднесен од страна на новинарските здруженија.

Затоа, денеска, пратеничката група на СДСМ и коалиционите партенери поднесуваме Предлог – закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во скратена постапка со барање за одржување на итна седница на Собранието на Република Македонија.

Sugareski

Не само усвојувањето туку, и потенцирам, имплементацијата на овој Закон е исклучително важна и нужна.

За да има услови за фер и демократски избори мора да бидат избрани и конституирани новите членови Советот на АВМУ и Советот на МРТВ.

Законот треба да биде усвоен, веднаш целосно имплементиран и да важи за предвремените парламентарни избори.

Предлогот на новинарските здруженија е во насока на предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите што СДСМ принципиелно го поддржува.

Реформите во медиумите за професионално, навремено и вистинито информирање на граѓаните се клучна заложба на СДСМ и еден од условите за фер и демократски избори.

На секој граѓанин му е јасно, без регулација на медиумите и без прочистен избирачки список нема да има фер и демократски избори.