(ВИДЕО) СДСМ: Попоски не се огради од гафовите на амбасодарката во Хрватска која мора да се отповика

од desk3
105 прегледи

 

Оваа среда Комисијата за надворешна политика на СДСМ ќе разгледува неколку модели за реорганизација на дипломатската служба.
Целта ќе ни биде Република Македонија да добие дипломатија каква што заслужува и каква и е неопходна за да го поврати својот меѓународен углед и европските и НАТО аспирации.

За жал, последниве 9 години дипломатијата е во постојан слободен пад. Немаме јасна надворешна политика, само формално имаме стратешки цели, изостануваат приоритети, земјата е `се повеќе изолирана, а амбасадори стануваат поединци без ниту еден ден дипломатско искуство.

Причината за сево ова се партиските и приватните врски кои диктираат `се во надворешната политика, а цената ја плаќаме сите ние и Македонија која ја срамат на секој чекор неодговорни политичари и аматери-амбасадори.

Доволно е да се погледне само еден пример: нашата амбасадорка во Хрватска за да се види колку работата е излезена од контрола.

Пред неколку месеци, амбасадорката Караѓозоска, само една од оние кои без ден дипломатско искуство беше партиски наградена во највисоката дипломатска фунцкија, пред очите на јавноста во Македонија и Хрватска, ја злоупотреби својата функција за да застане во партиска одбрана на тогашната министерка Јанкулоска. Таа се впушти во одбрана на неодбранливото и прекрши повеќе членови на Виенската конвенција.

И не беше само тоа. Јавноста во Македонија секојдневно е информирана за серија гафови на Караѓозовска со кои се срами себе си, но пред се Македонија: од испраќање на ноти до медиуми, себе-титулирање со Н.Е и вербални напади врз Македонци кои живеат во Хрватска… се до злоупотреба на државен имот за приватни цели и парадирање по социјалните медиуми со службени автомобили.

До денес, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, јавно не се огради од ваквите испади на амбасадорката, па дури не ја повика ни на консултации во Македонија. Само за потсетување, порано, доволен беше еден коментар за партиските состојби во СДСМ за Владата на Груевски да поведе постапка за отповикување на поранешниот амбасадор на Република Македонија во САД. Тогашниот принцип во кој се колнеа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ денеска го забораваат и молчат.

Ова со Караѓозоска е само еден од примерите кои покажуваат дека Владата во заминување ја осакати дипломатијата, претварајќи ја во партиско-семејна мрежа на која Македонија и е на последното место на приоритети.
Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Што ќе барате, менување на Законот за надворешни работи? Дали сметате и колку амбасдори треба да се отповикаат, споменувате само една, претпоставувам дека има уште?

Габер: Да, да реков дека таа е само еден од негативните примери во тоа како фунцкионира нашата дипломатска мрежа. Секако во реорганизацијата спаѓа од Законот за надворешни работи, ревидирање на некои членови коишто ја прават нефункционална `се до конкретни мерки за ефикасност на секој наш дипломат испратен во странство.