(ВИДЕО) СДСМ: Со парите на земјоделците се финансираат медиумите на Груевски

од desk3
91 прегледи

 

Изјавите на министерот Цветков откриваат нови сомнежи дека се уште се прават злоупотреби во Министерството за земјоделство и парите наместо кај вистинските земјоделци, завршуваат кај сопственици на медиуми, блиски до власта.

Со парите на граѓаните, со парите на вистинските земјоделци, се финансираат медиумите на Никола Груевски задолжени за да шират лаги и да кријат вистината за криминалното владеење на фамилијата.

Според парите што ги имаат добиено „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, фирми семејно врзани со телевизиите ТВ Нова и Сител, Министерството за земјоделство како да е специјализирано за субвенционирање на медиумите кои одработуваат за Груевски.

-парите-на-земјоделците-се-финансираат-медиумите-на-Груевски

Веќе објавивме дека сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан којшто е сопственик и на фирмата„Трансмет“, за 17 месеци преку МЗШВ добива тендери во висина од 5 милиони евра.

Но, министерот Цветков неодамна во интервју изјави дека „Трансмет“ има добиено тендер во висина од 8,5 милиони евра за изградба на системот за наводнување Равен – Речица, а најавува и можност за добивање на нов тендер на фирмата Сеад Кочан, сопственик на ТВ Нова, за браната Речани, којшто е во тек.

Како што рече Цветков, за него не било важно дали градежните фирми имале телевизии или не.

Освен Сител телевизија чиј сопственик е синот на Љубисав Иванов Ѕинго, коалициониот партнер на Никола Груевски и ТВ Нова се натпреварува кој повеќе ќе одработи за Груевски.

За период од една недела, од 16.02.2016 до 22.02.2016 на МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа, емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 5 часа и 58 минути.
Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема воопшто. Ама затоа негативните прилози за СДСМ се во времетраење од 2 часа и 22 минути.

Ова е уште една потврда зошто се потребни слободни медиуми.

Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори. Избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.

Оние што го прекршиле законот и ги злоупотребиле парите на граѓаните, мора да одговараат.