
Прес конференција
Андријана Томовска, претседателка на локалната Комисија за образование на ОО на СДСМ Тетово
Тетово 01.09.2016
Почитувани сограѓани
Деценискиот проблем со недостаток на простории со којшто се соочуваат учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и оваа учебна година остана нерешен.
На почетокот на училишната година, сите заедно, ученици, родители, професори од Тетово излегоа на улиците со барање да се реши актуелниот проблем со гимназијата.
Ниту локалната, ниту централната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со години не се заинтересирани да изнајдат начин, гимназијалците да имаат пристоен простор за спроведување и следење на наставата.
Учениците не заслужуваат да бидат деградирани, дискриминирани ниту пак маргинализирани.
Министерството за образование и наука и градоначланичката на општина Тетово како директно одговорни за оваа алармантна состојба, мора да се зафатат со решавање на овој сериозен проблем.
Без разлика на национална припадност на учениците МОРА да им овозможи образовен процес според пропишаните стандарди и прописи.
Дополнително, апелираме учениците да не дозволат да бидат вмешани во етнички или политички манипулации и да му се даде на проблемот друга димензија.
Јавно се обврзуваме дека по промената на власта овој проблем ќе биде минато.
По демократските промени, новата влада предводена од СДСМ, ќе стави посебен акцент на образованието како фундаментален елемент на секоја држава.