(ВИДЕО) СДСМ Виница: ВМРО-ДПМНЕ дезинформира зашто врие во нивната партија

од desk3
75 прегледи

Најостро ги демантирам спиновите на ВМРО-ДПМНЕ, кои преку лажни профили дезинформираат за ОО на СДСМ Виница.

Општинската организација на СДСМ Виница, јас како претседател, раководството и членството ниту сме преминале во друга партија, ниту тоа имаме намера да го направиме.

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги покријат оставките од нивните високи владини функционери со лаги околу единството на СДСМ.

За лажната информација веќе известивме и на нашиот официјален Фејсбук профил СДСМ ВИНИЦА.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, оние кои останаа околу Груевски, нека ги остават манипулациите и нека се завртат околу себе, што им се случува во нивните општински комитети, таму им врие.