Откако Министерство за информатичко општество и администрација стокми и предложи Закон за владинo рекламирање, од СДСМ денеска се произнесоа дека на овој начин власта сака да ја продожи корупцијата во медиумите.
“Пред нецели 2 часа, ние на електронска пошта го добивме предлог –законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. Имав прилка сега да го прочитам пред да дојдам на оваа прес-конференција. Не се работи за ништо ново, значи тоа е истата приказна од пред неколку месеци. Кога ВМРО-ДПМНЕ на нај брутален начин и со ваков еден сличен, ако не и идентитчен закон, се обиде да ја продолжи корупцијата, односно да ја легализира корупцијата во медиумите. Ова не е производ на никаков договор, не е производ на никакви преговори, туку е едностран чин на партијата на власт која се обидува и понатаму да ги држи во заложништво медиумите. Имено, со пари од граѓаните идеата е да се финансираат информативни и рекламни кампањи.
Пред ревизорите и политичките богови молчат- во Македонија се краделе европските пари!
Небаре медиумите незнаат во својата уредувачка политика што значи интерес за граѓаните за јавно и објективно информирање. Не, Владата треба со народни пари, со парите од граѓаните да ги потплати медиумите, за тие наместо јавно и објективно да информираат јавноста, всушност да претставуваат огласна табла за политиките, активностите не само реализираните, туку и идните од страна на Владата на Република Македонија. Имајќи во предвид дека во оваа држава нема никакво раздвојување помеѓу партијата на власт и државата, се работи за уште еден срамен обид, партијата на власт да ги држи во заложништво и понатаму медиумите, односно да се обиде да ја легализира корупцијата во медиумите. Ова нема да помине, барем не кај демократската јавност во Република Македонија. Затоа што никој, посебно не медиумите кои држат до респектибилноста, до објективното информирање на граѓаните сигурно ќе ги видат аномалиите на овој прелог закон затоа што ова е уште еден брутален, ајде сега да речеме проширен и надграден обид да се легализира корупцијата во медиумската сфера во Република Македонија.”- изјави денеска пратеникот од редовите на СДСМ – Томислав Тунтев.