(ВИДЕО) СДСМ: Воведуваме правични даноци и извлекуваме од сиромаштија

од desk3
113 прегледи

Нашата цел е да ја победиме нееднаквоста во општеството и да ја вратиме средната класа!

Обезбедуваме поправеден даночен систем.

Ги извлекуваме луѓето од сиромаштија.

Овозможуваме социјална заштита според реалните потреби на граѓаните.

Вака мислиме да дојдеме до целта.

Од денеска го подигнуваме вториот столб од Визијата за Македонија. Веднаш до одговорна власт и контрола врз власта поставуваме ПРАВЕДНА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ И ИЗВЛЕКУВАЊЕ ОД СИРОМАШТИЈА.

Зошто е потребно?

Македонија има најголема нееднаквост во распределбата на доходот во Европа.

Погледнете го графиконот – проблематично е тоа што даноците и социјалните трансфери воопшто не вршат прераспределба на доходот, односно намалување на нееднаквоста во земјава!

1210tevdopresprezentacija