Денеска, СДСМ поднесе Кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија.
Одлуката на Поп Стефанија, да се прогласи СЈО ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за незаконското прислушување е спротивна на законот.
Во име на владеењето на правото и законите, одговорност за незаконски одлуки мора да има.
Затоа што никој не е над законите.
Поп Стефанија е незаконски назначена во Одделот за организиран криминал, спротивно на одлуката на Судскиот совет да суди во Одделот за прекршоци, спротивна на Законот за судовите и Правилникот за работа на судот.
Заради неправилности и незаконитости на решението на Поп Стефанија со коешто го прогласи СЈО за ненадлежно, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 треба итно да го укине.
Потсетуваме на обврската на Судски совет да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп Стефанија што донесе решение спротивно на законот.
Исто така, Судскиот совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење и против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, заради флагрантно кршење на прописите.
Овие незаконски одлуки се очигледен обид да се одбрани криминалната власт од правдата и законите. Ништо друго.
Но, нема бегање од правдата.
Правда ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара!
Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.