Граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење не треба да имаат обврска да плаќаат сметки за парно греење што не го користат, ниту казни за таквите неплатени сметки.
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска до Собранието на Р.Македонија поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за енергетика со што бараме решавање на проблемот што го имаат граѓаните.
Луѓето кои не користат парно мораат да плаќаат сметки, па уште и тужби и извршители, поради неплатени сметки за парно кое што воопшто не го користат. Овие проблеми на граѓаните се дело на актуелната власт.
Со дополнувањето на законот што го предлагаме, бараме правото на граѓаните кои не користат парно да не плаќаат сметки, да се гарантира во Правилник за снабдување на топлинска енергија што Регулаторната комисија ќе има законска обврска да го донесе.