Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, има конфликт на интереси и токму затоа мора да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Директната партиска поврзаност на фамилијата Гошеви со ВМРО-ДПМНЕ е еден од клучните аргумент дека Елена Гошева не може да одлучува објективно, непристрасно и согласно законот, кога станува збор за изборни криминали на ВМРО-ДПМНЕ.
Ќерката на Елена Гошева, Слободанка, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, кадешто главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијаков, Жарко Луковски.
Потсетуваме дека Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.
Сопругот на Слободанка Гошева Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ. Сега Гиевски е член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.
Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранашен директор на Студетскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.
Да имаше Елена Гошева морален, личен и професионален интегритет сама ќе поднесеше оствка.
Срамната одлука на Устаниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.
Интерес на сите граѓани, интерес на Република Македонија, е правда и владеење на правото.
Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.
Секој што го прекрши законот ќе одговара.
Одговор на новинарски прашања:
П1: Што се случува во Струмица, точни ли се информациите дека обвинителството за организиран криминал влегло во општината земало компјутери, и истотака се повикани членови на СДСМ во обвинителството ?
Денешниот обид на партиските обвинителско –судски структури во Република Македонија, не се ништо друго, туку неуспешен обид на Никола Груевски да избега од сопствениот изборен криминал, од изборниот криминал на неговите соработници. На Никола Груевски му е јасно дека паѓа од власт на следните избори. Тоа ќе му го испорачаат токму граѓаните на Република Македонија на следните избори коишто мора да бидат слободни, фер и демократски.
П2: Сепак, обвинителството влегло ли, за колку членови се работи, повикани ли се, што е побарано од нив ?
Каква и да е оваа акција и што во себе содржи како содржина, како бројка, не е ништо друго, туку обид да се измести темата од фактичкиот изборен криминал на ВМРО ДПМНЕ. Токму затоа ова го спроведуваат, партиските структури во обвинителството и судството.
