ВИДЕО: Се појави морничаво интервју на Пригожин од април, зборува за авион кој се распаѓа во воздух

од Stefanija Kuzmanovska
944 прегледи

Видео од старо интервју со шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, предизвика лавина шпекулации на интернет за неговата смрт.

Во видеото, Пригожин зборува за тоа како повеќе би сакал да умре отколку да ја лаже својата земја и ја споредува нестабилната Русија со авион кој се распаѓа во воздух, во језиво предвидување за неговата смрт во авионска несреќа.

„Денес достигнавме точка на вриење“, вели Пригожин во видеото, според преводот на „Ројтерс“.

 

„Зошто зборувам толку искрено? Затоа што немам право да лажам пред тие луѓе кои ќе продолжат да живеат во оваа држава. Нив сега ги лажат. „Подобро да ме убиете“, рече тој.

Потоа изговори реченица која денес изгледа како претскажување на сопствената смрт.

„Морам искрено да кажам дека Русија е на работ на катастрофа. А, ако овие мали делови не бидат прицврстени, тогаш авионот ќе се распадне во воздух“, рекол Пригожин, пренесува Business Insider.

Водачот на платеничката група, кој го предводеше неуспешниот пуч против руското воено раководство во јуни, загина во авионска несреќа минатата недела. Руските власти во неделата потврдија дека тој е мртов откако извршиле генетска анализа на пронајдените тела, објави Би-Би-Си.

Исечок од 40 секунди од интервју од април беше споделен во саботата на озлогласениот Телеграм канал на „Вагнер“, Сива Зона. Објавата предизвика стотици коментари – некои покажуваат со прст кон Кремљ, а други сугерираат дека шефот на „Вагнер“ знаел дека ќе биде убиен, пренесува Business Insider.

Да потсетиме, авионот „Ембраер“ кој летал од Москва за Санкт Петербург се урна во средата вечерта во областа Твер, а на списокот на патници се најде и лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Сите 10 луѓе во авионот загинаа.

Слични содржини