Зголемена вулканска активност започна на Земјата по 29 ноември, на невиден начин избувнаа неколку од најголемите вулкани во различни делови на планетата, соопшти thebigwobble.org. На 1 декември избувна “Санта Марија” во Гватемала, исфрли столб од чад, пепел и камења на висина 2-3 километри во атмосферата. Тргнаа и неголеми пирокластични текови кон населени места во близина. Во истата држава се разбуди и вулканот “Фуего”, кој во 2015 година влегол во нова фаза, според геолозите.
Процесите продолжија во соседната земја Никарагва, каде се разбуди вулканот “Момотомбо” и тоа за прв пат од пре 110 години. Зголемена активност покажа и Најблискиот до “Момотомбо” вулкан “Телика”. Тој беше потресен од експлозии од септември, тоа продолжува и луѓето овде се плашат од целосна ерупција во наредните денови.
WFB: Русите тестирале ракета, способна да урне сателити
Во друга држава од регионот- Костарика, вулканот “Туриалба” исто така, почна да покажува знаци на будење и властите почнаа да се подготвуваат за евакуација на жителите во областа.
Малку порано- на 28 ноември се разбуди и мексиканскиот вулкан “Колима”, кој исфрли столб од чад и пепел на височина над 1,2 милји. Властите ја следат ерупцијата и исто подготвуваат план за евакуација ако треба.
На 2 декември се разбуди и еден од европските вулкани- “Етна” , а експерти ја прогласија силата на ерупцијата како најголема во последните неколку децении. Исфрлениот од “Етна” чад и пепел го направија пејзажот во регионот како на Месечината.
Сега вулканолозите се борат да ја решат загатката-дали има поврзаност во овие ерупции или сè е серија на случајни настани. се испитуваат податоци за силата на вулкански манифестации во сите региони на планетата и се забележани некои од најголемите и опасни вулкани.
