(ВИДЕО) Се уште не е сигурно дали Хан ќе дојде во понеделник во земјава

од desk3
125 прегледи

Се уште не се знае дали комесарот Јоханес Хан ќе дојде во Скопје во понеделник на лидерската средба заедно уште тројцата евро пратеници како што информираа некои медиуми.

“Не можам да потврдам. Кога имаме нешто да најавиме тоа го кажуваме. Во овој момент не можам ова да го потврдам”, рече портпаролката Маја Коцијанчич.

Досега нема официјална потврда од Европскиот парламент за доаѓањето и на тројцата европратеници Едврад Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, но се очекува дека таа ќе стаса во текот на денешниот ден.