
Единствени кадри од војната во Сирија беа објавени на интернет. На видеото е прикажан контролен пункт на “Сириските демократски сили” (SDF) во провинцијата Ракка, кон кој се приближиле четири лица.
Борците ги запреле мажите на далечина, држејќи ги под мета со автоматите и почнале да им поставуваат прашања, за време на кои им станало јасно дека пред нив стојат терористи од “Исламска држава”, пишува rusvesna.su
Борците отвориле оган врз исламистите кои на себе ставиле самоубиствени појаси и почнале да ги активираат еден по друг. Детонацијата била доволно блиску до позициите на борците така што тие биле принудени веднаш да се наведнуваат и да отскокнуваат настрана, со цел да се заштитат од смртта предизвикана од елементи од експлозивот врзан за појасите на терористите.