ВИДЕО: Серија торнада во САД-најмалку 50 луѓе загинаа во Кентаки

од Берта Китинска
217 прегледи

Најмалку 50 луѓе загинаа во разорното торнадо во американската сојузна држава Кентаки, изјави денеска гувернерот на таа држава Енди Бешеар.

„Се плашам дека има повеќе од 50 мртви во Кентаки“ – веројатно сме поблиску до 70 до 100 мртви. Тоа е страшно“, рече гувернерот на прес-конференција.

Бројните торнада и бури што синоќа ги погодија американскиот Среден Запад и Југоисточниот дел, усмртија повеќе луѓе и предизвикаа големи штети. Оштетени се фабриката за свеќи во Кентаки, складиштето на Амазон во државата Илиноис, домот за стари лица во Арказас и многу домови и згради.

Зафатени беа државите Арканзас, Кентаки, Мисури, Илиноис и Тенеси.