(ВИДЕО) Северна Кореја објави спектакуларна снимка на која ги уништува американските бомбардери и носач на авиони

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Пјонгјанг објави серија фотографии и видео монтажа, на кои севернокорејски ракети и подморница „уништуваат“ американски бомбардери и носачот на авиони „Карл Винсон“, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап.

Видеата се објавени на веб-страницата на DPRK Today. Тие почнуваат со слики од говорот на претседателот на САД Доналд Трамп пред личниот состав на базата „Ендрјус“ во Мериленд, придружена од натпис „луд човек“.

Потоа со додадени графички ефекти се вклучени слики на бомбардери Б-1В и борбени авиони F-15C, кои со помош на компјутерска графика се „уништени“ од севернокорејски проектили. Слично на тоа, севернокорејската подморница го „напаѓа“ атомскиит носач на Карл Винсон.

Материјалот се прошири за кратко време откако бомбардерите на американските воздухопловни сили заминаа во меѓународниот воздушен простор по поминувањето покрај крајбрежјето на КНДР и се приближија до најсеверната граница на демилитаризираната зона.

Претходно на генералното собрание на ОН Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи“ КНДР, а севернокорејскиот лидер Ким Јонг Вен изјави слични закани за САД. Пентагон ги нарече летовите на бомбардерите „демонстрација на решителност“ и богат арсенал на „воени варијанти“.