Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! Протестирам е прво лице еднина, но сите ќе бидеме солидарни се додека луѓе се под притисок на режимот. Протестирам затоа значи и грижа за другите, пишува во најавата за денешниот протест на „Фејсбук“ страницата.
„Марширајќи по улиците се ослободуваме, а сега чекориме кон институциите за да ги ослободиме и нив. Нашите зборови, свирежи и бои се предвесник на едно ново време. Време на активни граѓанки и граѓани кои ќе ги зауздаат разулавените и одметнати институции. Затоа, ние ја одбираме улицата и порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестирам ќе станува блокирам, окупирам и секојдневно го менувам системот!“
СЕ ПРИЈАВУВАМ! Граѓани пред СЈО потпишуваат изјави дека боеле со Шарената револуција
Вечерва од СЈО преку Министерството за правда се дојде до Собранието. Таму проработе катапултот на Шарената револуција.
(ВИДЕО) Заев: Нека не казнат сите нас, не може да не заплашат
Демонстратнтие повтотрно го бојат Собранието. Граѓаните извикуваат Боја, боја боја..
Демонстрантите повторно го фарбаа Собранието #Протестирам#ШаренатаРеволуцијаpic.twitter.com/o5swKRfWrS
— META.mk (@meta_agency) May 25, 2016
Демонстрантите се движат кон Собранието #ШаренатаРеволуција#Протестирамpic.twitter.com/OOLEIa92zY — META.mk (@meta_agency) May 25, 2016
Најчевска повторно фрли боја на Собранието #ШаренатаРеволуција #Протестирам pic.twitter.com/1H7jmlqpu9
— META.mk (@meta_agency) May 25, 2016