(ВИДЕО) Шекеринска во струшко: Оние што краделе пари или гласови мора да одговараат

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, беше  помеѓу граѓаните на Струга и околните села.

– На Македонија и требаат промени. Да станеме држава којашто ќе ги зачува овие млади тука. Да се свртиме кон граѓаните и нивните потреби, да се свртиме кон нашите села и градови. Парите да не ги трошиме на споменици, туку за граѓаните, рече Шекеринска.

Шекеринска потенцираше дека главниот акцент во Програмата на СДСМ е подобар живот за сите, отворање на нови работни места со достоинствени плати.

– Имаме серија на мерки за отворање на нови работни места, пред се за младите. 20-30 милиони евра во првата година од мандатот, до 50 милиони евра во четвртата година, ќе одвојуваме за поддршка на малите и средни претпријатија низ цела Македонија. Преку регионални бизнис инкубатори, ќе обезбедиме неповратни 10.000 евра за сопствен бизнис на младите. Минималната плата ќе ја зголемиме, а просечната ќе достигне до над 29 илјади денари, рече Шекеринска.Shekerinska f2

Зборувајќи за актуелните случувања Шекеринска рече дека се потврди се она што го покажа и Вистината за Македонија, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе изборите.

– Речиси половина милион имиња и презимиња ќе треба да се проверат. Тоа потврдува се. Научиле многу да крадат, не само пари од буџетот туку да го крадат и правото на граѓаните на слободен глас, рече Шекеринска.

– Затоа нема да дозволиме уште едни криминални избори. Заедно со вас граѓаните Македонија ќе ја направиме подобро место за живеење за сите. Оние што краделе пари или гласови мора да одговараат, а парите да ги вратат назад, кон граѓаните, рече Шекеринска.R.Shekerinska

Со заменик претседателката Шекеринска во Струга и струшко беа и претседателот на Комисијата за култура, Роберт Алаѓозовски, како и пратеникот Јован Митрески.