Во најновото издание на ТВ емисијата на ТНТ, која ја водеа легендарните кошаркари Шакил О’Нил и Чарлс Баркли, главната тема беше Никола Јокиќ, кој продолжува да поставува нови стандарди во НБА со својата игра. О’Нил, кој и самиот играше на централната позиција, не можеше да одолее на можноста да го спомене Јокиќ, а неговите изјави се одликуваа со специфичен хумор и жестока самодоверба.
„Јас би бил подобар од Јокиќ. Би му направил словенечко пиле, што и да значи тоа. Сигурно би постигнал 40 поени, и дефинитивно би морале да ме удвојат во одбраната“, рече О’Нил во емисијата. Според него, стилот на игра на Јокиќ не би бил доволно ефикасен против него. „Веројатно би играл „пик енд поп“, би го вадел на далечина, но јас би се фокусирал на тоа да ја земам топката и да одам директно кон рекетот, а целата сала би викала дека не треба да стои таму 3 секунди“, изјави О’Нил.
Шекил не се задржа тука, а уште еднаш го истакна својот став дека би бил многу подобар од Јокиќ, напоменувајќи дека неговата сила и игра под обрачот би му донеле многу повеќе поени од неговиот српски колега, кој е познат по својот вешт и прецизен шут.
„Гарантирам едно: јас би постигнал многу повеќе поени од него, отколку што тој би погодил тројки“, рече О’Нил. Тој дури се насмеа кога спомена дека ако Јокиќ се обиде да му се спротивстави, веројатно ќе мора да се соочи со неговите браќа. „Не сакаш да си играш со неговите браќа“, го предупредија соговорниците на што О’Нил одговори дека и тој имал браќа кои ќе го штитат него. И јас имам браќа“, со насмевка додаде О’Нил.