(ВИДЕО) Шест трупа по инцидентот со воениот хеликоптер во Турција

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Меѓу патниците имало високи офицери од жандармеријата, нивните сопруги и три деца.

1467740713-sistemen-bufer-1

Шест лица загинаа по инцидентот со турскиот воен хеликоптер во североисточниот дел на Турција. Други седум добиле тешки повреди. Ова го соопшти градоначалникот на Гиресун Керим Аксу.
Кон местото на инцидентот патуваат спасители, но операцијата е отежната од лошите временски услови и намалената видливост.

Воениот хеликоптер се урна попладнево во провинцијата Гиресун. Во леталото S70 имало меѓу 11 и 15 лица, вклучувајќи и шефот на жандармеријата на покраината генерал Мустафа Догри. Според податоците на локалните медиуми, меѓу патниците имало високи офицери од жандармеријата, нивните сопруги и три деца.

Војската летала кон празнична манифестација по повод крајот на Рамазан.

Околностите околу инцидентот се разјаснуваат. Причина за несреќата може да се лошите временски услови.