(ВИДЕО) Што беше тоа еднаквост пред бога и црквата!?- наместо на верниците, честитка од попот до Груевски

од desk3
152 прегледи

Видеото од велигденската литургија во Дојран на која пристиствуваше премиерот Никола Груевски предизвика бран на коментари на социјалните мрежи. Свештеникот на литургијате наместо на верниците, му се обраќаше на премиерот Никола Груевски.

 

„Претседателе и премиере, голем благослов. Навистина ми е чест што дојдовте и не посетивте на овој ден, посветен на Христовото вознесение. Христос воскресе претседателе”-рече свештеникот од црквата Свети великомаченик Ѓорги во Дојран на Груевски.
Според православните верувања и догма, сите верници се еднакви.